Грне

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грне
Remove ads

Грне[1][2] — сад што се користи за подготвување храна. По овој сад е именуван занаетот за правење садови од печена глина е наречен грнчарство. Често грнето има рачка и капак. Се користи за подготовка на грав, расол, итн. Покрај нашироко користеното глинено грне, постоело и метално (бакарно) грне.

Thumb
Чомлек во грне

Метално грне

Металното грне можело да се пронајде во Отоманска Македонија, но и после тој период. Неговата застапеност е помала за разлика од глиненото, поради неговата изработка и цена. Грнето било користено за приготвување варива. Тркалезното дно на грнето, подигнато на мала ѕвончеста нога, се проширува во мешесто тело што на горниот дел се стеснува, за во вратот повторно благо да се прошири и да заврши со тесен чембер подаден нанадвор. Под самиот чембер, на две спротивни страни, за телото однадвор се прицврстени две долгнавести алки со по една чивија, низ кои се проврени краевите на рачката. Рачката направена од подебела бакарна прачка во полукружна форма, е насреде поширока, на врвот назабена. Некои грниња имале и декориции по телот. Овие грниња ги правеле казанџиите.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads