Гронинген (покраина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гронинген (покраина)map
Remove ads

Гронинген (хол. Groningen холандски изговор: [ˈɣroː.nɪ.ŋə(n)]  ( слушни); грониншки: Grönnen; западнофризиски: Grinslân) е најсеверната покраина на Холандија. На исток се граничи со Долна Саксонија во Германија, на југ со покраината Дренте, на запад со покраината Фризија, а на север со Ваденското Море. Административен центар е градот Гронинген.

Кратки факти Гронинген Groningen, Земја ...
Remove ads

Географија

Земјиштето е претежно искористено за земјоделски цели. Кај Слохтерен се експлоатира големо наоаѓалиште на земен гас. Покраината има и многу места и објекти од историско значење и стари зданија во речиси секое село.

Историја

Гронинген првобитно бил дел од Фризија, а околу 785 г. што влегол во состав на Царството на Франките. Карло Велики му ја доверил христијанизацијата на ова ново владение на мисионерот Лудгер. Во XI век, подоцнежниот град Гронинген бил село во покраината Дренте, во состав на Утрешката епископија, а најголемиот дел на покраината припаѓала на Минстерската епископија. Во средниот век, централната власт била мошне оддалечена, па затоа градот Гронинген функционирал како град-држава со превласт над околните места како Омеланден. Околу 1500 г., царот Максимилијан I му ги дал Гронинген и Фризија на војводата на Саксонија Алберт III, но овој не успеал трајно да ја наметне својата власт. Во 1514/15 г. Гронинген му припаднал на војводството Гелдерн, а во 1536 на Хабсбуршките Ниски Земји. Во 1594 г. Холандската Република извојувала победа во покраината и ја припоила кон себе. Гронинген останал во нејзин состав до денешно време.

Remove ads

Култура

Thumb
Карта на покраината Гронинген во 2012 г.

Наречје

Во гронинген традиционално се говори типично холандско долносаксонско наречје наречено „гронингс“ (Gronings Grönnegs/Grunnegs) со локални нијасни. Денес, голем дел од населението не го употребува овој говор. Ова е особено случај во градот Гронинген, каде добар дел од населението е доселено од други краишта.

Општини

  • Апингедам
  • Бедум
  • Белингведе
  • Вендам
  • Винсум
  • Влагтведе
  • Гронинген
  • Гротегаст
  • Де Марне
  • Делфзејл
  • Емсмонд
  • Зејдхорн
  • Лек
  • Лоперсум
  • Марум
  • Ментерволде
  • Олдамбт
  • Пекела
  • Слохтерен
  • Стадсканал
  • Тен Бур
  • Харен
  • Хогезанд-Сапемер

Познати личности

Надворешни врски


53°15′29″N 6°44′16″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads