Гулдово означување

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Гулдово означување — начин на бележење на ѕвездите осмислен од американскиот астроном Бенџамин Апторп Гулд (1824-1896), сличен на Флемстидовиот по начинот на кој ѕвездите во едно соѕвездие добиваат растечки бројки со зголемувањето на ректасцензијата. Секоја ѕвезда има свој број (почнувајќи од 1), проследен од „G.“ (или понекогаш „G“ без празно место), а потоа генитивниот облик од латинското име на соѕвездието во кое се наоѓа. На македонски ова се изоставува, и се просто се користи македонското име на соѕвездието, според општоприфатените правила.

Ознаките се доделени според положбите на ѕвездите во епохата 1875.0 и со време претрпело извесни измени поради прецесијата на рамнодениците.[1] Due to the star's сопствено движење (cpm.), некои ѕвезди денес може да се јават вон редоследот.

Гулдовите ознаки за првпат се јавиле во Гулдовиот каталог Уранометрија Аргентина[2][3] од 1879 г. [4] Многу од овие ознаки се исрлени од употреба, иако за многу релативно сјајни јужни ѕвезди (кои лежат премногу јужно за да имаат Флемстидови ознаки), Гулдовите броеви и понатаму се единствените едноставни ознаки кои можат да се користат без повикување на гломазните каталошки броеви.

Remove ads

Список на соѕвездија со Гулдови ознаки на ѕвездите

Гулдовиот каталог содржи 66 соѕвездија (некои од нив делумно или целосно опфтени во Флемстидовиот):

33 соѕвездија чии ѕвезди имаат и Флемстидови и Гулдови ознаки

33 соѕвездија чии ѕвезди имаат само Гулдови ознаки

30 Златна Рипка и 47 Тукан се Бодеови броеви, а не Гулдови ознаки.

Remove ads

Ѕвезди познати главно според Гулдовите ознаки

Многу од овие ѕвезди стојат во накрсниот индекс на Костјук,[5] каде нивните Гулдови броеви се укажани наместо Флемстидовите. Овие ознаки се преземени од индексот во други пописи како SIMBAD. Доста од нив важат за блиски ѕвезди.

  • 41 G. Олтар
  • 145 G. Големо Куче
  • 23 G. Кобилица
  • 72 G. Гулаб
  • 35 G. Јужен Крст
  • 39 G. Јужен Крст
  • 82 G. Еридан
  • 33 G. Вага
  • 31 G. Вага
  • 67 G. Мува
  • 120 G. Феникс
  • 61 G. Сликар
  • 96 G. Риби
  • 140 G. Крма
  • 212 G. Крма
  • 188 G. Крма
  • 171 G. Крма
  • 16 G. Едро
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads