Гуменџиска Река

река во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гуменџиска Рекаmap
Remove ads

Гуменџиска Река или Бозечка Река (грчки: Πλατανόρεμα, Платанорема) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.[1]

Кратки факти Гуменџиска Река Πλατανόρεμα, Местоположба ...

Реката извира во источниот дел на планината Пајак, југозападно од селото Крива. Тече на исток, минува јужно од Крива и излегува од планината во Солунското Поле. Проаѓа јужно од градот Гуменџе, а потоа свртува на југ и ја прима големата десна притока Цикарица. Кај Ангелова Чука ја прима и притоката Сука. Минува источно од Либаово и почнува да тече на југоисток, напоредно на реката Леска. Поминува југозападно од Кушиново и Кониково. Кај Бозец, каде на грчки се нарекува Атира, се приклучува во мрежата на напојни канали во Солунското Поле, и поради тоа повеќе не се влева непосредно во Вардар како некогаш.[2]

Remove ads

Притоки

→ лева, ← десна

  • ← Цикарица
  • → Пицика
  • ← Цикарица
  • ← Сука
  • → Казан
  • → Вирот
  • → Три Извора
  • → Коџа Дере
  • → Кавакдезме
  • → Кацика

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads