Гумниште (Вирово)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гумниште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вирово. Претставува населба и црква од средниот век. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото во темелите на денешната црква Св. Петка, која е изградена врз темелите од постара црква. Според кажувањето на селскиот ковач, при копањето на темелите во 1935 година биле најдени фрагменти од фрескоживопис. Околу црквата има множество градежен материјал, а во нејзината непосредна околина остатоци од повеќе објекти градени од кршен камен и кал. Исто така, пронајдени биле и гробови градени од камени плочи, поставени во правец исток-запад.[1]
Remove ads
Поврзано
- Долно Вирово — населба, црква и некропола одсредниот век;
- Св. Богородица — црква од средниот век;
- Штеуни — рударски јами од доцноантичко време;
- Вирово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads