ДСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово
средно училиште во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ — средно училиште во Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето го носи своето име според македонскиот комунист и учесник во НОВ - Наце Буѓони.[2]
Remove ads
Историја
Како резултат на брзиот развој на металската индустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училиштен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар „Наце Буѓони“. Училиштето започнало со работа на 1 септември 1960 година. Во почетокот училиштето започнало да работи со две паралелки и тоа една паралелка машински техничари со 43 ученици и една паралелка за индустриски работници со 46 ученици.[3]
Во 2009 година, училиштето располагало со 57 паралелки, од кои 32 со настава на наставен македонски јазик и 25 со настава на наставен албански јазик. Тогаш училиштето имало вкупно 1660 ученици од кои 940 со настава на македонски наставен јазик и 720 ученици со настава на албански јазик. Во училиштето наставата се изведува со четиригодишно и тригодишно траење.
Порано го носело називот Државно средно техничко училиште (ДСТУ) „Наце Буѓони“.
Remove ads
Структура
Училиштето располага и со работилници за машинска и електро струка кои комплетно се опремени благодарение на донацијата од ГТЗ и во нив се изведува практична настава.За потребите на здравствената струка училиштето има кабинет за изведување на практичната настава. Дополнително образовање на учениците од здравствената струка се изведува и во Општата болница - Куманово.
Насоки
Во О.С.Т.У “Наце Буѓони” Куманово се образуваат стручни кадри од:
- Машински струки
- Техничар за сметачко управување (четири години)
- Машинско-енергетски техничар (четири години)
- Машински механичар (три години)
- Електротехнички струки
- Електротехничар-енергетичар (четири години)
- Електротехничар за компјутерска техника и автоматика (четири години)
- Електромеханичар-ГТЗ (три години)
- Техничар за Индустриска Мехатроника (четири години)
- Здравствена струка (четири години)
Remove ads
Учество на натпревари
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
Познати личности кои предавале во ова училиште
Галерија
- Источното крило на училиштето
- Источното крило на училиштето
- Спортските терени и источното крило
- Спортските терени и источното крило
- Јужното крило на училиштето
- Главниот влез
- Биста на Наце Буѓони
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads