Дамјан Касапов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дамјан Касапов (14 февруари 1877 во Смилево) — македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринско револуционерна организација.
Животопис
Касапов е роден во 1877 година во Смилево, Отоманско Царство, во денешна Македонија. Завршил IV клас во машката гимназија во Битола и работел како учител. Влегол во редовите на ВМОРО во 1899 година.
Во Илинденското востание бил војвода на чета која броела 26 комити и земал учество во ослободувањето на неговото родно село. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во македонско-одринските доброволни чети и служел во Штабот на I бригада. Во Првата светска војна бил подофицер во 11. дивизија.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads