Даненберг (Елба)

место во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Даненберг (Елба)map
Remove ads

Даненберг (службено наречен: Даненберг (Елба); германски: Dannenberg) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 30 километри северно од градот Залцведел и 50 километри југоисточно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Даненберг (Елба) во рамките на округот Лихов-Даненберг ...

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Елбталауе.

Remove ads

Географија

Thumb
Поглед на градот со двете знаменитости, црквата „Св. Јован“ и кулата „Валдемар“

Местоположба

Даненберг се наоѓа на реката Јецел близу нејзиниот влив во реката Елба, во средиште на природните области Вендланд и Алтмарк, долината на Елба и Линебуршкото Поле. Околу Даненберг се наоѓа биосферниот резерват на УНЕСКО Долносаксонска Елбталауе. Иако градот (најмалку до општинската реформа од 1972 г.) не се наоѓа директно на реката Елба, го носи додатокот Елба, за да се разликува од другите истоимени места.

Соседни општини

Градот Даненберг се граничи со шест општински единици од општинската заедница Елбталауе. Тоа се општините Дамнац (североисток), Гусборн (исток), Јамелн (југ), Карвиц (запад), Герде и градот Хицакер (обата северозапад). На север од градот, во местото Пенкефиц, Даненберг се граничи со општината Амт Нојхаус од округот Линебург.

Градски единици

Градот Даненберг се состои од 28 единици по спроведената општинска реформа од 1972 година. Дополнително постојат пет имоти.

  • Брезе во Марш
  • Бикау
  • Дамбек
  • Даненберг
  • Грос Хајде
  • Гимзе
  • Клајн Хајде
  • Липехефен
  • Лигау
  • Небенштет
  • Ној Трам
  • Ништет
  • Пенкефиц
  • Писелберг
  • Прабшторф
  • Пределсау, до 16 март 1936 г. познато како Предел[2]
  • Присер
  • Рикау
  • Рискау
  • Шафхаузен
  • Шмарзау
  • Зедорф
  • Зајбрух
  • Зофен
  • Шплитау
  • Штрец
  • Трам
  • Трипкау

Имоти

  • Населба Брезе
  • Ној Лебин
  • Пермкехоф
  • Хоф Рикау II
  • Штрахауер Рад
Remove ads

Историја

Историјата на градот започнала со изградбата на замокот (првпат споменат во 1153 година) во текот на владеењето на Волрад I, гроф на Даненберг (1153–1169), кој имал за задача да ја насели и обезбеди територијата од страна на војводата Хајнрих Лавот.

Полапските имиња на Даненберг се Вајдарс (Weidars) и Војкам (Woikam).

Политика

Thumb
Плоштадот Кумаркт со поглед кон поранешната зграда на противпожарната бригада
Thumb
Улицата Ланге Штрасе во градот

Градот Даненберг припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[3][4]

Градски совет

Градскиот совет се состои од 23 избрани членови.[5]

CDUЗелениSPDЗОЛиUWGГраѓанска листаВкупно
201683423323 места

Градоначалник

Градоначалник на градот Даненберг е Гинтер Фос.

Сите градоначалници од 1945 година:

  • 1945–1946: Вилхелм Ордас
  • 1946–1949: Херман Штраус
  • 1949–1968: Вили Копс (CDU)
  • 1968–1972: Зигфрид Абрахам (SPD, подоцна CDU)
  • 1972–1984: Валтер Ешрих (CDU)
  • 1984–1991: Херман Предел (CDU)
  • 1991–2001: Бернард Фатман (SPD)
  • 2001–2010: Петер Зелбер (CDU)
  • 2010–2011: Гинтер Фос (независен, Група Фос/CDU)
  • 2011–2016: Елке Мундхенк (Сојуз 90/Зелени)
  • од 2016: Гинтер Фос

Збратимени градови

Даненберг бил збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Август Помладиот (1579-1666) — војвода
  • Јоханес Шулц (1582-1653) — композитор
  • Августин Готфрид Лудвиг Лентин (1764-1823) — писател и преведувач
  • Елеоноре Прохаска (1785-1813) — војник
  • Теодор Кернер (1791-1813) — писател
  • Бернхард Риман (1826-1866) — математичар
  • Хари Бреслау (1848-1926) — историчар и дипломат
  • Николас Борн (1937-1979) — писател
  • Детлеф Вајгел (р. 1961) — биолог
  • Кај Фагашински (р. 1974) — кларинетист и композитор
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads