Данило Коцев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Данило Коцев попознат како Данаил Штипјанецот — македонски зограф. Тој е од штипско Ново Село, и бил роден во 1830 или 1840 година. Не е познато од кого ја научил зографската вештина. Од 1865 до 1879 година тој работел во северозападна Бугарија, првенствено во Чипровци и во соседните села. Данаил во северозападна Бугарија создал неколку иконостаса со богата иконографска програма: со развиениот циклус од историјата на Адам и Ева и со неколкуте реда икони, освен традиционалните, во центарот вклучува и пророчки редови со Богородица, сигнирана како “Знамение на небото”. Развиениот циклус од Создавањето веројатно е преземен од тревненските споменици, додека редот со пророците и епитетот на Богородица изгледаат како да се под влијание на руската традиција. Зографот во својата работа на иконите и фреските користел графики од книгата на Христофор Жефарович, „Опишување на Ерусалим”, како и некои светогорски книжни икони. Тој создал редица изворни иконографски решенија.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads