Дани Карвахал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дани Карвахал
Remove ads

Даниел Карвахал Рамос (шпански: Daniel Carvajal Ramos), (Леганес, 11 јануари 1992 ) - шпански фудбалер, кој игра како десен бек и настапува за шпанскиот Реал Мадрид.

Кратки факти Дани Карвахал Dani Carvajal, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Реал Мадрид Кастиља

Карвахал влегува во академијата на Реал Мадрид на десетгодишна возраст и игра во сите формации на клубот. Во текот на 2010 година стига до вториот тим на клубот – Реал Мадрид Кастиља.

Во својата прва сезона за резервниот тим, Карвахал станува стартер и ја презел капитенската лента. Во следната сезона, 2011/12, одигрува 38 натпревари и постигнува два гола, помагајќи му на тимот да се врати во Сегунда дивисион после петгодишно отсуство.

Бајер Леверкузен

На 11 јули 2012 година, Карвахал преминува во германскиот Бајер Леверкузен, со договор на 5 години. Клаузула во договорот за продажба му дава право на Реал да си го врати Карвахал за сума од 6,5 милиони евра по една сезона, 7 милиони евра по две и 8 милиони евра по три сезони.[1]

Карвахал дебитира за Леверкузен на 1 септември 2012 година со победата со 2 : 0 на домашен терен против Фрајбург. На 25 ноември 2012 година го постигнува својот прв гол за клубот, постигнувајќи го вториот гол за победа од 2 : 1 над Хофенхајм.

Реал Мадрид

Во 2013 година преминува во тимот на Реал Мадрид за сума од 6,5 милиони евра, согласно клаузулата од договорот за трансфер со Бајер Леверкузен. На 8 јули 2015 година го обновува договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година.[2][3]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Карвахал настапува за Шпанија до 18 години, Шпанија до 19 години и Шпанија до 21 година, а на 2 септември 2014 година дебитира за првиот тим на репрезентацијата на Шпанија на пријателскиот меч со репрезентацијата на Франција загубен со 1 : 0 на гости.[4][5][6]

Успеси

Клупски

 Шпанија Реал Мадрид Кастиља
  • Сегунда дивисион Б: 2011/12

 Шпанија Реал Мадрид

Национални

  • Европско првенство во фудбал за играчи под 19 години: 2011

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads