Данок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Данокот — јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.

Основната функција на даноците е фискална, но многу често тие се користат за постигнување на определени економски и социјални цели. Во современи услови, даноците се користат во остварување на стабилизационата политика и во борбата против инфлацијата, бидејќи со зголемувањето на даноците се намалува куповната моќ на граѓаните.

Remove ads

Елементи

Основни елементи на секој вид данок се:

Повеќе информации Земја, Вкупни даноци (% од БДП) ...
Remove ads

Видови даноци

Според предметот на оданочувањето, даноците се делат на:

Основната предност на данокот на потрошувачката е тоа што предизвикува помали економски дисторзии во споредба со данокот на доходот, односно не го намалува поттикот на луѓето за работа и за инвестирање. Тоа произлегува оттаму што кај данокот на потрошувачката, заработениот доход не се оданочува сè додека не се потроши. Исто така, данокот на потрошувачката е ефикасен начин на оданочување, зашто може да се примени на широка даночна основа, т.е. со него може да се оданочува сè што се купува. На тој начин, поради пошироката даночна основа, даночната стапка кај овој данок може да биде пониска. Од друга страна, главнито аргумент против данокот на потрошувачката е од политичка природа: поради тоа што даночната стапка е константна, оданочувањето со овој данок значи дека посиромашните луѓе всушност плаќаат повеќе данок во споредба со побогатите луѓе, т.е. данокот на потрошувачката е регресивен по својата природа. Со текот на времето, во развиените земји се забележува тренд на зголемување на значењето на данокот на потрошувачката: така, во 1965 година, овој данок учествувал со 12 % во вкупните даночни приходи (3,5 % во БДП), а во 1992 година неговото учество изнесувало 16 % во вкупните даночни приходи, односно 7 % во БДП.[2]

Повеќе информации Земја, Данок на личен доход ...

Според лицето кое ги плаќа, даноците се делат на:

  • Индиректни даноци - се оние даноци кои ги плаќа крајниот потрошувач
  • Директни даноци - се оние кои се плаќаат при добивање на материјална корист на некое лице (правно/физичко)

Според даночните стапки, даноците се делат на:

  • Пропорционални
  • Прогресивни
  • Регресивни
Remove ads

Даночен обврзник

Носители на даночната обврска се фирмите и граѓаните.

Даночна основица

Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.

Даночна стапка

Тоа е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдената даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 15% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.

Најчесто се практикуваат два вида даночни стапки:

  • Пропорционални и
  • Прогресивни.

Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.

Remove ads

Даночен систем на Македонија

По економското осамостојување на Македонија била преземена сеопфатна даночна реформа. Во 1993 година бил донесени Законот за Управата за јавни приходи, Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка со примена од 1.1.1994 година.

Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]

Повеќе информации Година, ДДВ ...
Remove ads

Економски ефекти на даноците

Ефекти на данокот на потрошувачката

Промените на даноците на потрошувачката предизвикуваат различни ефекти врз потрошувачкиот вишок и врз даночните приходи во зависност од тоа дали важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси:[4]

  • при константи приноси, данокот предизвикува пораст на цената на производот, опаѓање на потрошувачката и намалување на вишокот на потрошувачот при што загубата на потрошувачкиот вишок е поголема од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
  • при опаѓачки приноси, данокот повторно предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката; меѓутоа, поради опаѓачките приноси, помалиот обем на производството предизвикува пониски трошоци на производството така што цената ќе се зголеми за помалку од износот на данокот; оттука, намалувањето на вишокот на потрошувачот ќе биде помало од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот не мора да ја намали вкупната благосостојба.
  • при растечки приноси, данокот предизвикува најголема штета за потрошувачите; во овој случај, данокот предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката, а при растечки приноси, помалиот обем на производството го зголемува трошоците на производителите, што води кон уште поголем пораст на цената; оттука, продажната цена расте повеќе од износот на данокот и намалувањето на вишокот на потрошувачот е поголемо од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
Remove ads

Данокот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Данок“ — расказ на рускиот писател Иван Бунин од 1913 година.[5]
  • „Даночник“ (Taxman) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[6]
  • „Разговор со даночникот за поезијата“ (англиски: Talking with a Taxman About Poetry) — музички албум на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[7]

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads