Дарс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дарс
Remove ads

Дарс (германски: Darß или Darss) — средниот дел од полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст на јужниот брег на Балтичкото Море во германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Името на полуостровот доаѓа од имињата на трите региони кои го создаваат полуостровот. Постои голема шума на Дарс. Во поново време, името „Дарс“ се употребува како име за целиот полуостров.

Thumb
Местоположба на Дарс во Мекленбург-Западна Померанија.
Thumb
Светилник Дарсер Орт (Darßer Ort)
Thumb
Западниот брег на Дарс
Thumb
Крајбрежни промени на Дарсер Орт 1835-2007.

Дарс е познат како место за одмор на десетици илјади жерави и гуски. Туризмот долго време е извор на приходи и тоа се зголемува од Повторното обединување на Германија, но Дарс е далеку од закрчено туристичко место.

Remove ads

Местоположба

Дарс се наоѓа североисточно од Фишланд и западно од полуостровот Цингст, нејзината граница е создадена од Преровер Штром. На север се наоѓа Балтичкото Море; на југ лагуните Залски Залив и Бодштетер Залив. Дарс е долг десет до дванаесет километри од север на југ и од исток на запад и на него се наоѓаат селата Борн, Преров и Вик. Селото Аренсхоп во општината Аренсхоп припаѓа на Фордарс, додека јужните села на Аренсхоп, Алтхаген и Нихаген, се дел од Фишланд.

Поголем дел од Дарс е покриен од шумата Дарс. На северниот крај на Дарс, кај Дарсер Орт, се наоѓа светилник со истото име. Центарот на националниот парк во Вик обезбедува информации за географскиот развој, како и флората и фауната на Националниот парк Западнопомерански лагуни. Дарсер Орт е продолжен синџир на песочни брегови кон север. Целата област околу Дарсер Орт, како и северозападниот дел на шумата Дарс е дел од првата заштитна зона на Националниот парк и може да биде посетен само со означени патеки. Остатокот од пошумениот регион е исто така дел од националниот парк.

Remove ads

Надворешни врски

54°25′N 12°32′E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads