Дача

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дача
Remove ads

Дача (руски: дача) - руски назив за сезонска или целогодишна викендичка, која често се наоѓа вон руските градови.

Thumb
Уредување на дача

Дачите се чести во Русија и распространети во повеќето земји од поранешниот Советски Сојуз. Се проценува дека околу 50% од руските семејства кои живеат во големите градови имаат дача.[1]

Викендичките и бараките што служат како главен или единствен дом за семејството не се сметаат за дачи. Некои дачи се преуредуваат како целогодишни престојувалишта. Во некои случаи, сопствениците на дачите поминуваат дел од годината во нив, а остатокот од времето ги изнајмуваат.

Во периодот од 1963 до 1985 година, постоеле ограничувања за големината и опремата на дачите. После тоа, а особено од 1990 година, нема ограничувања.

Секој што постојано живее во дача, колоквијално се нарекува дачник; поимот обично се однесува на препознатлив стил на живот.

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads