Двери од црква „Св. Никола“ - Враништа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Двери од црква „Св. Никола“ - Враништа
Remove ads

Двери на црквата „Св. Никола“ ― зачуван предмет односно двери од средината на 16 век сместени при Музејот на црквата Црква „Св. Никола“ во Враништа.

Thumb
Дверите од средината на 16 век.

Опис

Дверите од црквата Црква „Св. Никола“ се целосни сликани и во однос на тоа покажуваат голема блискост со слични струшки примери од тој период. На едното крило е претставен Архангел Гаврил во благо движење и со испружена рака пред себе ја благословува Богородица, а во левата рака држи расцутена палка профилирана и украсена со наизменично редење на округли бисерни примени. Крилата му се темнокафеавени и моделирани со потези на бела и сива боја во потсликаните делови во средината и по краевите. Сигнатурата на архангелот, односно буквата „Г“ е испишана во неговиот нимб.[1] Богородица (лево на дверите) е застаната на низок подножник пред престолот без насло на кој се положени две перничиња украсени со низи од бисери. Престолот е скромно украсен и на него се издвојува само хоризонталниот низ на малите вретеновидни примени врамени со бисерни низи. Богородица на себе носи темнозелен хитон и светлозелен мафорион, во левата рака држи црвено предиво, а десната рака е под мафорионот и се гледа само дланката преку која е префрлено вретеното и со која укажува кон архангелот. Просторот во позадината е решен со куполести архитектонски градби во горниот дел од двери со истакнување и на најситните подробности како обликот на прозорците и развеаните црвени драперии и завеси. Над фигурата на архангелот е допојасјето на младиот пророк Соломон, а над Богородица е пророкот Давид.[2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads