Движење за машки права
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Движење за машки права — движење кое се однесува на заштита на мажите од општи социјални проблеми и посебни владини постапки кои влијаат неповолно или вршат структурна дискриминација. Вообичаени теми опфатени во движењето за машли права ги вклучуваат семејното право, родителството, размножувањето, самоубиството, домашното насилство врз мажите, обрежувањето, образованието, регрутирањето, социјалната сигурност и здравствените политики. Некои стручњаци движењето за машките права или делови од него го опишуваат како противтежа на феминизмот.[1] Движењето се издвоило од она за машките слободи во 1970-тите, а обете претставуваат составни делови на поголемото машко движење.

Барањата и активностите пворзани со движењето за машки права се предмет на критика и се означени како омразити и насилни.[2][3] Во 2018 година, при забележувањето дека „некои страни на движењето за машки права се посветени на легитимни жалби“, Јужниот правен центар за сиромаштија ги категоризирал некои од групите на машки права како дел од омразитата идеологија под називот „машка надмоќ“ (андроцентризам и патријархат).[4][5] Движењето и некои негови делови биле опишани и како мизогинични,[6][7] а подреденоста која некои мажи ја чувствуваат во општеството често се објаснува како последица од загуба на овластувања и привилегии.[8]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads