Десет Божји заповеди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Десетте Божји заповеди, или Декалогот, се религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Фразата „Десет заповеди“ во основа се однесува на сличниот текст од библиската книга Исход [1] и од Второзаконие [2].
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанско богословие | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||

Remove ads
Текст на заповедите
Во книгата Исход

Преводот од хебрејски на македонски, пренесен од втората книга во Библијата - Исход гласи вака:
Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството!
1. Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене;
2. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата; да не им се поклонуваш, ниту да им служиш;
3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог;
4. Памти го денот на одмор, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите работи, а седмиот ден е одмор на Господа , твојот Бог;
5. Почитувај ги татка си и мајка си, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата;
6. Не убивај;
7. Не врши прељуба;
8. Не кради;
9. Не сведочи лажно против твојот ближен;
10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
И двете главни божји заповеди:
1. Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце,
со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли (Лука 10, 27).
2. Возљуби го својот ближен како себеси (Матеј 22, 39).
Во книгата Второзаконие

Извадокот во кој се опишуваат Божјите заповеди сместен во петтото поглавје на Петтата Мојсеева Книга Второзаконие:
6 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
7 Да немаш други богови покрај Мене!
8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.
9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,
10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.
11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.
12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.
13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.
14 А седмиот ден е ден на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така што може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.
15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.
16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.
17 Не убивај!
18 Не прељубодејствувај!
19 Не кради!
20 Не сведочи лажно против својот ближен!
21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”
Remove ads
Разлики
Во извадокот од Исход се забележуваат повеќе од десет заповеди, можеби 14 или 15. Како и да е, Библијата ги ограничува на бројот "10", според хебрејската фраза ʻaseret had'varim— која може да се преведе како десетте зборови, искази или нешта.[4] Различни религии различно ги делат заповедите. Табелата ги прикажува основните разлики.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads