Делич (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Делич (округ)map
Remove ads

Делич (германски: Delitzsch) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од исток надесно) окрузите Торгау-Ошац и Мулдентал, слободниот град Лајпциг, округот Лајпциг и покраината Саксонија-Анхалт (окрузи Зале, Анхалт-Битерфелд и Витенберг).

Кратки факти ДеличLandkreis Delitzsch, Земја ...
Remove ads

Историја

По Виенскиот конгрес во 1815 година, Саксонија била принудена да даде голем дел од својата територија на Прусија. Пруската влада основала окрузи во новододелените земји, меѓу нив и округот Делич.

Државата Прусија била распуштена на крајот на нацистичката ера и била основана новата покраина Саксонија-Анхалт, каде Делич припаѓал. Во 1953 година, владата на Источна Германија ги распуштила сите покраини. Тие биле повторно воспоставени по повторното обединување на Германија во 1990 година, но Делич и Ајленбург (два окрузи создадени од поранешниот округ Делич) биле првично доделени на Саксонија, наместо на Саксонија-Анхалт. Двата окрузи биле споени повторно во 1994 година и ги создале сегашните граници.

Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.

Remove ads

Географија

Округот се наоѓал во триаголникот помеѓу метрополите Лајпциг, Хале и Битерфелд. Се состои од низински пејзаж, кој главно се употребува во земјоделски цели. Постои многу мала урбанизација во округот. Реката Мулде тече низ најисточниот дел од округот. На источните брегови се наоѓа Дибен (Dübener Heide), природен парк кој се протега оттука на исток и на север.

Грб

Thumb Грбот прикажува:
  • хералдичкиот лав на Саксонија
  • лентите се од грбот на Ландсберг (сега припаѓа на округот Зал)
  • ѕвездите се преземени од грбот на Ајленбург

Градови и општини

Надворешни врски

51°31′48″N 12°20′24″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads