Дендропарк (Трубарево)

споменик на природата кај Трубарево From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Дендропарк „Трубарево“арборетум во скопското село Трубарево.[1]

Арборетумот е оформен во 1953 година од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Сместен е во алувијалната рамнина на Скопската Котлина, во атарот на село Трубарево и зафаќа површина 3 хектари. Всушност арборетумот претставува продолжение на вегетацискиот појас што го образуваат месностите Острово од источна страна и Езерце од западна страна. Во арборетумот се засадени дрвенести и грмушести видови од нашата автохтона дендрофлора и видови од сите континенти, посебно од Европа, Азија и Северна Америка. Вкупниот број на дрвенестите и грмушестите видови во Арборетумот е околу 600 вида. Дендро-паркот служи за еколошки набљудувања, научни истражувања на Шумско опитната станица Трубарево и настава за студентите при Шумарски факултет- Скопје.[2][3]

Remove ads

Поврзано

  • Езерце — месност заштитена како споменик на природата
  • Острово — остаток од поранешниот остров на Вардар кое во 1976 г. било прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads