Денис Ричи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Денис Ричи (англиски: Dennis MacAlistair Ritchie; 9 септември 1941 — 12 октомври 2011) бил научник во полето на компјутерските науки познат по својот придонес во развојот на програмските јазици ALTRAN, B, BCPL и C, како и Multics и UNIX. Добитник е на Тјуринговата награда 1983 година и Националen медал за технологија 1998 godina. Бил шеф на отсекот за истражување на системски софтвер во „Lucent Technologies“.
Роден е во Бронксвил, Њујорк. Дипломирал физика и применета математика на Харвард. Почнал да работи 1967 во компјутерскиот истражувачки центар на Bell Labs.
Remove ads
C и UNIX
Ричи е познат као творец на програмскиот јазик C, еден од клучните програмери во развојот на UNIX оперативниот систем и соавтор на книгата „Програмски јазик C“, општо позната како „K&R“ (според иницијалите на авторите Керниген и Ричи).
Неговиот изум C и неговата улога во развојот на UNIX заедно со Кен Томпсон, го вброиле во редот на еден од најзначајните пионери на компјутерските науки. Програмскиот јазик C денес е многу употребуван во развојот на апликации и оперативни системи, неговото влијание е видливо и во современите програмски јазици како што се C++, Java и C#. Неговата работа на UNIX исто така има големо влијание во поставувањето на основите и принципите врз кои се засноваат денешните компјутери. Популарниот оперативен систем Linux и неговите алатки се во голема мера резултат на работата на Ричи, а оперативниот систем Microsoft Windows има соодветни алатки и компајлери за C.
Создавањето на програмскиот јазик C довело до развој на UNIX. Бјарне Строуструп создавачот на C++ изјавил дека „доколку Денис одлучил наместо да работи на создавањето на C, на решавање на други математички проблеми, тогаш UNIX воопшто не би ни постоел“.
Бидејќи UNIX се покажал како успешен производ, Ричи ги продолжил своите истражувања во областа на оперативните системи и програмските јазици, давајќи придонес во развојот на оперативниот систем Инферно како и на програмскиот јазик Лимбо.
Remove ads
Награди
Тјурингова награда
1983 година Ричи и Кен Томпсон ја добиле Тјуринговата награда за нивната улога во развојот на теоријата на генерички оперативни системи а посебно за имплементација на UNIX оперативниот систем.
Медалја на IEEE Richard W. Hamming
1990 година Ричи и Томпсон го добиле медалот IEEE Richard W. Hamming од IEEE, "за пронаоѓањето на оперативниот систем UNIX и програмскиот јазик C".[1]
Национален медал за технологија
1999 година Ричи и Томпсон го добиле Националниот медал за технологија за 1998 година, за копронаоѓањето на UNIX оперативниот систем и програмскиот јазик C кои довеле до голем напредок во хардверот, софтверот и мрежните системи што пак предизвикало голем напредок и ја стимулирале целокупната индустрија а со тоа и ја зголемиле предноста на америка во областа на информатиката во однос на останатите.[2] [3]
Награда во Јапонија
2011 година Ричи заедно со Томпсон ја добиле Јапонската награда за информации и комуникации за нивната пионерска работа во развојот на опративниот систем UNIX.[4]
Remove ads
Прекар
Денис Ричи е познат и како „dmr“ (неговата е-поштенска адреса во Bell Labs) во разни usnet newsgroups (како што е comp.lang.c групата).
Пензионирање
Во 2007, Ричи се пензионирал од неговото работно место како шеф во одделот за истражување на системски софтвер во Lucent Technologies.
Смрт и наследство
Ричи бил пронајден мртов на 12 октомври 2011, на возраст од 70 години во неговиот дом во Беркли Хајтс, Њу Џерси, каде што живеел сам. Првата вест за неговата смрт дошла од неговиот поранешен колега, Роб Пајк. Причината и точното време не биле одредени. Ричи имал нарушено здравје изминатите неколку години.
Fedora 16 Linux distribution, која била пуштена во продажба неколку месеци по неговата смрт, била посветена на него и неговата работа.[5]
Remove ads
Библиографија
- Програмскиот јазик C (1978 со Брајан Керниген; види K&R)
- Unix програмерски прирачник (1971)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads