Дере (Требеништа)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дере или Кај Чешмата — археолошко наоѓалиште во охридското село Требеништа, Општина Дебрца. Претставува населба од бронзеното време.
Во северозападниот дел на селото, лево од патот Охрид - Кичево, веднаш до некогашната чешма, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. При копањето на земјата за изработка на тули, на длабочина од 0,80 м е откриена јама во која е најдена фрагментирана камена секира со отвор за држалка на средината.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads