Дерони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дерони ― палеобалканска популација од Пајонската група племиња.[1][2]

Територија
Сознанијата за нив доаѓаат од пронајдените монети со гравури за легендата дероникон (ΔΕΡΡΟΝΙΚΟΝ/ ΔΕΡΡ). Буквите кои се употребени во гравурите на монетите изгледаат како старогрчките букви и истите датираат од периодот околу 513-500/480 г. п.н.е., иако многу поверојатно е дека се работи за подоцнежен период.[1]
Врз основа на нумизматичките докази, а посебно на откриените монети, има две различни научни стојалишта за географската сместеност на племето.
Првата теорија тврди дека Дероните биле сместени во централниот дел на Балканскиот Полуостров, во северниот дел на Македонија. Односно териториите источно од реката Вардар, до злетовско-кратовските рудници на север и Дојран, Прасијадското езеро и Дисорон на југ. Изгледа дека уште во 6 век п.н.е. имале некој вид на државна организација. Кон крајот на 6 век п.н.е. започнале да коваат сопствени монети на коишто, освен племенската припадност, биле сигнирани и имињата на деронските владетели.[2] Втората теорија смета дека ова племе, во периодот на изработката на споменатите монети (т.е. во почетокот на 5. век) било сместено на просторот јужно од денешна Македонија.
На монетите имало приказ на коринтски шлемови или шлемови со декорација на вол. Богот на Дероните, Дарон, бил почитуван од Пајонците и Македонците.[3] Како дел од ова племе се споменуваат двата крала Ликеј и Еуергет.
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads