Десетта македонска ударна бригада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Десеттата македонска ударна бригада била формирана на 22 август 1944 во месноста Црвена Вода кај село Зборско, на планината Кожуф. Била формирана од околу 350 борци, главно од Втората македонска ударна бригада, а по два дена им се приклучиле и други доброволци, па бројниот состав нараснал на околу 450 борци.[1]
Remove ads
Команден состав
Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Живојин Росиќ, командант од 22 август 1944 година
- Димче Костовски, командант од 18 септември 1944 година
Политички комесари биле:
- Бено Русо - Коки, од 22 август 1944 година
- Мицко Русковски, до 6 декември 1944 година
- Трајан Костовски, од 6 декември 1944 година.
Борбени дејства
Заедно со Втората и Деветтата македонска ударна бригада влегле во составот на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ на 24 август до декември 1944 година. Дејствувала главно во Тиквеш и Прилепско долж комуникацијата Прилеп-Градско-Велес напаѓајќи ги германските колони што се повлекувале од Грција. Во рамките на овие дејствија, бригадата го урнала тунелот кај Богомила и сите мостови на пругата на делницата од Богомила до село Мажунчишта, со што пругата од Велес до Прилеп била онеспособена до крајот на војната.[1]
Во периодот од 17 до 23 септември 1944 година, бригадата водела борби со германските колони на делницата од Кавадарци кон Дреновска Клисура, а потоа и кај Мраморска Клисура. Во почеток на октомври 1944 година, од Мариово пристигнале околу 580 нови борци кои се приклучиле на бригадата кај село Никодим.
Учествувала во борбите за ослободување на Прилеп од 28 октомври до 2 ноември 1944 година, а потоа и за ослободување на Кичево и на Гостивар. На 30 декември 1944 година, бригадата била преместена во Кичево и влегла во составот на Осмата дивизија на НОВЈ како нејзина трета бригада.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads