Десперадо (филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Десперадо (филм)
Remove ads

Десперадо[5] (шпански: Desperado; превод: Очаен) — акционен филм со елементи на вестерн во режија и производство на Роберт Родригес, објавен во 1995 г. Тоа е вториот филм во мексиканската трилогија на Родригес, која започнала во 1992 г. со „Ел Маријачи“, а завршила во 2003 г. со „Си било еднаш во Мексико“. „Десперадо“ бил премиерно прикажан на Канскиот кинофестивал во 1995 г., каде што филмот бил прикажан надвор од конкурсот.[6][7]

Кратки факти „Десперадо“, Режисер ...

Главните улоги во „Десперадо“ ги играле Антонио Бандерас и Салма Хајек. Филмот му донел слава на Бандерас и ја претставил Салма Хајек пред американската публика. Пријателот на Родригес, Квентин Тарантино имал мала улога на почетокот на филмот. Карлос Гаљардо, кој ја играл улогата на Ел Маријачи во првиот филм од трилогијата, играл и во овој филм, но во друга улога.

Remove ads

Содржина

Поранешниот музичар и револверист, Ел Маријачи, пристигнува во мал мексикански граничен град по долго отсуство. Неговото минато брзо го фаќа и тој набрзо се заплеткува со месниот наркогазда, Бучо, и неговата банда, кои ја убиваат неговата девојка и му пукаат во раката.

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads