Детско одморалиште „Титови пионери“ - Николиќ
детско одморалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Детско одморалиште „Титови пионери“ — детско одморалиште во непосредна близина на селото Николиќ, сместено на северниот брег на Дојранското Езеро, во југоисточниот дел на Македонија.[2]
Одморалиштето се наоѓа во многу лоша состојба, целосно напуштено, обраснато со вегетација, а внатрешноста е целосно руинирана.[3]
Remove ads
Местоположба
Одморалиштето се наоѓа на северниот брег на Дојранското Езеро, пред самото село Николиќ.
Архитектура
Градбата поседува пет посебни единици кои се симетрично поставени, како и заеднички придружни објекти. Самата градба е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција.[2]
Сопственост
Според последни достапни информации до 2015 година, објектот бил во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, кога имало обид да се продаде заедно со уште пет други вакви одморалишта.[2]
Во 2022 година, од Општина Дојран изјавувале дека има голем интерес да се инвестира во ова место.[3]
Галерија
- Внатрешноста
- Графити
- Кошаркарско игралиште
- Дел од придружниот објект
- Воздушен поглед со Дојранското Езеро
- Воздушен поглед
- Поглед на објектот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads