Дигитален сигнал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дигитален сигнал – сигнал кој претставува низа од дискретни вредности.[1][2] Логички сигнал е дигитален сигнал со само две можни вредности[3][4] и опишува случаен бинарен поток. Други видови на дигитални сигнали можат да претстават логика со три или повеќе вредности.

Дигитален сигнал е физичка количина која наизменично се менува меѓу дискретен сет на бранови облици. Алтернативно, дигитален сигнал може да се смета дека е низа од кодови претставени со таква физичка количина. Физичката количина може да биде променлива електрична струја или напон, интензитет, фаза или поларизација на оптичко или друго електромагнетно поле, звучен притисок, магнетизација на магнетни медиуми, итн. Дигитални сигнали се присутни во целокупна дигитална електроника, особено компјутерската опрема и преносот на податоци.

Кај дигиталните сигнали, ако системскиот шум не е преголем, нема да влијае на системското функционирање, додека шумот секогаш во извесна мера го деградира функционирањето на аналогните сигнали.
Remove ads
Дефиниции
Поимот дигитален сигнал во различни контексти има соодветни дефиниции:

Во дигитална електроника
Во дигиталната електроника, дигитален сигнал е поворка импулси (импулсно-амплитудно модулиран сигнал), т.е. низа од квадратни електрични или светлински импулси со фиксна ширина, при што секој од нив зазема едно од нивоата на амплитуди.[5][6] Специјален случај е логичкиот сигнал или бинарниот сигнал, кој се менува меѓу ниско и високо ниво на сигналот.

Во обработка на сигнали
Во обработката на дигитални сигнали, дигитален сигнал е претстава на физички сигнал кој е дискретизиран и квантификуван. Дигитален сигнал е апстракција кој е дискретен во време и амплитуда. Сигналот има вредност само во определени временски интервали со оглед дека вредностите на соодветниот физички сигнал во моментите на дискретизација се значајни за понатамошно дигитално обработка. Дигиталниот сигнал е низа од кодови извадени од конечен сет на вредности.[7] Дигиталниот сигнал може да биде складиран, обработен или физички пренесен како импулсно-кодно модулиран (ИКМ) сигнал.

Во комуникации

Во дигиталните комуникации, дигитален сигнал е временски континуиран физички сигнал, кој се менува меѓу дискретен број на бранови форми[8] и претставува бинарен поток. Обликот на брановите зависи од шемата на пренос која може да биде:
- линиско кодирана шема, која продуцира импулсно модулиран сигнал, кој овозможува пренос во основниот опсег, или
- шема на дигитална модулација која овозможува пренос преку кабли или ограничен радиофреквенциски опсег. Таков синусен сигнал се смета за дигитален сигнал во литературата за дигитални комуникации и пренос на податоци[9], но се смета за бинарен поток претворен во аналоген сигнал во електрониката и компјутерското вмрежување.[10]
Remove ads
Логички сигнал

Во компјутерската архитектура и другите дигитални системи, брановиот облик кој комутира меѓу две напонски нивоа кои ги претставуваат двете состојби на Буловата вредност (0 и 1, или ниско и високо, или вистинито и невистинито) се смета како дигитален или логички или бинарен сигнал кога се толкува во смисла на само два можни цифри.
Тактниот сигнал е посебен дигитален сигнал што се користи за синхронизација на многу (но не сите) дигитални кола. Покажаната слика може да се смета за облик на тактниот сигнал. Логичките промени се иницирани од предниот или од задниот раб.
Дадениот дијаграм е пример на импулс од пракса при што се воведени два нови поима:
- преден раб: преминот од низок напон (ниво 1 на дијаграмот) на висок напон (ниво 2)
- заден раб: преминот од висок на низок напон.
Иако во многу упростениот и идеализиран модел на дигитално коло би сакале овие премини (транзиции) да се моментални, во реалниот свет нема коло кое е чисто резистивно па значи нема коло кое може моментално да ги промени напонските нивоа. Ова значи дека за време на кратко, конечно транзициско време излезот може да не го рефлектира чисто влезот и да не соодветствува ниту на логичкиот висок или низок напон.
Remove ads
Логички напонски нивоа
Двете состојби вообичаено се претставени со некое мерење на електричните својства: најчесто е напонот , но струјата се користи исто така во некои логички фамилии. Се дизајнира праг за секоја логичка фамилија. Под прагот, сигналот е низок, над е висок.
Модулација
За да се создаде дигитален сигнал, аналоген сигнал мора да се модулира со контролен сигнал. како што веќе видовме, наједноставната модулација, вид на униполарно линиско кодирање е едноставно прекинување на еднонасочен сигнал така што високите напони се 1, а ниските 0.
Во дигиталното радио, еден или повеќе носители се амплитуда, честота или фаза модулирани со сигнал за продуцирање на дигитален сигнал погоден за пренос.
Кај Асиметрична дигитална претплатничка линија (АДПЛ) преку телефонски линии, примарно АДПЛ не користи бинарна логика; дигиталните сигнали за поединечните носители се модулирани со различни вредносни логики, во зависност од Шеноновиот капацитет на поединечниот канал.
Remove ads
Такт
Често, дигиталните сигнали се „дискретизирано“ со тактен сигнал на редовни интервали со поминување на сигналот низ флип-флопови „осетливи на раб“. По извршувањето на истото, влезот се мери во тие временски точки, сигналот од тоа време се поминува до излезот и излезот е постојан до следниот такт.
Овој процес е основа на синхроната логика и истиот се користи исто така при обработката на дигитални сигнали.
Постои и асинхрона логика која не користи единствен такт и генерално работи побрзо, користи помалку моќ, но е значително потешко да се дизајнира.
Remove ads
Поврзано
- Аналоген сигнал
- Интерсимболска интерференција во дигиталните комуникации
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads