Димитар Кашалијата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар (Мито) Арнаурдов Филчев, познат како Кашалијата [1], — македонски револуционер, серски војвода на Македонската револуционерна организација [2].
Животопис

Роден е во Кашина, во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Димитар Кашалијата е четник при Гоце Делчев во летото 1899 година, а во 1902 година е во четата на дедо Илија Крчовалијата. Од февруари 1903 година е четник при Димитар Гуштанов. Потоа повторно е во четата на Гоце Делчев. Кашалијата учествува во нападот на мостот кај реката Драматица (Ангиста) и во борбата за село Баница, каде што умира Гоце Делчев.
По Битката кај Баница, заедно со преживеаните другари поминува во Бугарија. Првично се лекува, а потоа започнал со работа во пограничните премини и канали за Македонија во областа Ќустендил и Дупница.
Подоцна тој станува војвода на чета. На 7 јуни 1903 година здружените чети на војводите Кашалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Спанчовалијата, Христо Танушев и Стојан Филипов, водат борба со турските сили кај врв Голеш (Демирхисарско). Учествува во Илинденското востание.
Во 1905 година е четник во четата на врховистичкиот на капетанот Јурдан Стојанов и загинува на 6 април истата година во заседа, во близината на селото Кашина, поставена од Јане Сандански [3]
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads