Димитар Смилески

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Димитар Смилески — македонски публицист.

Кратки факти Димитар Смилески, Роден/а ...

==Димитар Смилески е роден во 1948 година во село Оздолени, општина Дебрца. Завршил Природно-математички факултет - група Географија, при што се здобил со звање дипломиран географ. Скоро целиот работен век го поминал како новинар, а потоа како главен уредник и директор на Радио Охрид, а бил главен уредник и на охридскиот весник „Езерски Глас“ и на списанието „Далги“.Работел и како директор на Архивот во Охрид, од каде што се пензионирал.Како новинар има подготвено над стотина радио-репортажи и десетина документарни телевизиски емисии за селски населби во Охридско.Во 2001 година магистрирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што се здобил со звање - магистер по туристички науки.Со свои научни трудови од областа на географијата, етнологијата, историјата и туризмот учествувал на разни научни собири во Македонија. Во фокусот на неговиот научен интерес се селските населби во Југозападна Македонија и досега има издадено над дваесет монографии за села во Охридскиот крај.

Remove ads

Библиографија[1]

  • „Велмеј“ - монографија (1984)
  • „Љубаништа: географска, демографска и историска студија“ - монографија во коавторство со Наум Ристески (1985)
  • „Долно Лакочереј“ - монографија (1986)
  • „Куратица“ - монографија (1986)
  • „Ботун“ - монографија (2002)
  • „Родописот на Неловци - Оровник“ - монографија (2003)
  • „Скребатно“ - монографија (2005)
  • „Оздолени - Слатински Чифлик - Сошани“ - монографија (2008)
  • „Скребатно“ - монографија (2011)
  • „Пештани“- монографија (2014)
  • „Требеништа“ - монографија (2017)
  • „Сирула“ - монографија (2018)
  • „Косел“ - монографија (2019)
  • „Опеница“ - монографија (2020)
  • Српски документи за историјата на Охридско-струшкиот регион II(1890-1940)(2020) со Павле Митрески„[2]
  • „Лев Огненов“ - монографија во коавторство со Павле Митрески (2022)
  • „Арбиново“ - монографија - коавторство со Велјан Ѓорески (2023)
  • „Охридски летопис* - прв дел, во коавторство со Павле Митрески (2024)


Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads