Димитар Цухлев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Николов Цухлев е бугарски историчар.
Биографија
Роден е на 25 декември 1864 година во Љасковец. Во 1884 година завршил Петропавловска духовна семинарија во родниот град. За кратко е учител во Солунската машка гимназија, а во 1889 година завршил историја во Санктпетербуршката духовна академија.[1]
Во следните години Цухлев е учител во Трново (1890 – 1892), Русе (1892), Сливен (1892 – 1897). Во 1898 – 1900 година е директор на бугарското училиште во Браила. Потоа заминува во Видин, кадешто е учител во женското училиште (1900 – 1903) и машката гимназија (1903 – 1911) и училишен инспектор (1911 – 1913). Испратен е за кратко во Разград, но од 1914 до 1924 година повторно е учител во Видин.[2]
Димитар Цухлев е автор на двотомната „История на Българската църква“ – првата сеопфатна студија во оваа област, која и денес се наведува како најцелосно испитување на ширењето на христијнаството во Бугарија.[1][3] Во 1910 година тој го предава ракописот на Светиот синод со молба да биде публикуван – првиот том е издаден следната година, но вториот е изгубен.[2] Подоцна ја пишува автобиографијата „Моят живот“, а кон крајот на својот живот и потхумно издадената „История на града Видин и неговата област“.[2]
Димитар Цухлев починал на 13 август 1932 година во Видин.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads