Димитриос Калапотакис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитриос Калапотакис или Димитрис Калапотакис (грчки: Δημήτριος Καλαποθάκης) е грчки новинар, основач на Елиномакедонскиот комитет и еден од главните идеолози на грчката вооружена пропаганда.
Животопис
Тој е роден во 1862 година во Ареополи (Цимова), главниот центар на пелопонеската област Мани. Во 1885 година во Волос го основал весникот Симеа (Знаме), а следната година весникот почнал да се печати и издава во Атина. Од 1896 година започнал да го издава весникот Емброс (Напред), еден од најтиражните грчки весници.
Калапотакис е секретар на истакнатиот грчки политичар и премиер Харилаос Трикупис.[1].
Во 1904 година Калапотакис го формирал Елиномакедонскиот комитет во Атина и започнал со организирање на грчката вооружена пропаганда во Македонија [2].
Тој ги создал Обшите укази за македонските чети од Високиот совет на Македонскиот комитет, а во нив била определена борбата на андартите главно како антибугарска [белешка 1].
Елиномакедонскиот комитет го поддржувал андартското движење со собирање на доброволци од Крит и Мани, како и со пратки на оружје од внатрешноста на Грција.
Remove ads
Белешки
- Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads