Димко Сарванов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димко Сарванов меѓу народот попознат како Димче Могилче, Димко Могилчетo[1] или Димче Могилчето (некаде познат и како Димче; 1879, Могила — Ношпал, 4 јануари 1908) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Погребен бил на битолските гробишта при „Света Недела“, а во октомври 2013 година неговите мошти се пренесени во црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Могила.[2]
Remove ads
Живот
Роден е во 1879 година во селото Могила (Битолско), од каде го добива и својот прекар Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. По завршувањето на основното училиште Димко Сарванов, станува член на ВМОРО и активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ од неподносливата положба во Отоманското Царство. Набрзо влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев со која дејствува во битолскиот крај и Мариово. За време на Илинденското востание дејствува во реоните на Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. На 4 јануари 1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал (Битолско), каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.[3][4] По потекло Димко бил од селото Ношпал, Битолско.
Remove ads
Народно творештво
Особено се истакнува по својата храброст и јунаштво во борбата со турските даночници - арачлии како Селим и Шефкија, поради што Димче Могилче станува омилен херој на народот опеан во повеќе народни песни со комитска тематика од битолскиот крај. Меѓу народните песни за Димче Могилче од кои има повеќе разни верзии најпозната е песната Абер ми иди од Могила.
Абер ми иди од Могила
Абер ми иди од Могила е македонска народна песна во која се пее за подвигот на Димче Могилче по убиството на турскиот арачлија Шефкија, за што дознал и битолскиот валија Селим ефенди, кој се решил да се пресмета со Димче Могилче и комитите од Могила. Постојат неколку различни верзии на песната, чија разлика се состои единствено во некој од зборовите.
- Абер ми иди од Могила,
- низ поле Пелагониско,
- право ми оди Битола
- Битола кај валијата. x2
- Валијо бре Селим-ефенди x2
- Могила е полна кумити
- таму е Димче Могилче. x2
- Налутил се Селим-ефенди, x2
- спрегнал си коња дорија
- одбрал си аскер најсилен
- утре ќе оди Могила
- одбрал си аскер најсилен
- низ прстен јајце да протни.
- Излези бре Димче Могилче х2
- жената ќе ти ја украдам
- далеку ќе ја однесам x2
- во сарај ќе ја потурчам.
- Ај од тука Селим-ефенди
- ај од тука куче касапско,
- кожата ќе ти ја одерам
- на плевна ќе ја обесам. x2
Remove ads
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads