Дипхолц (округ)
округ во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дипхолц (германски: Diepholz) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Ферден, Нинбург, Минден-Либеке (во Северна Рајна-Вестфалија), Оснабрик, Фехта и Олденбург, и со градовите Делменхорст и Бремен. Најнаселена општина е Штур крај границата со Бремен.

Remove ads
Историја
Од XII век до 1585 г. Дипхолц бил суверено господство, а подоцна грофовија во состав на Светото Римско Царство. На почетокот на XVI век таа претрпела голем притисок од моќното војводство Брауншвајг-Линебург, кое се обидело да ги припои кон себе помалите околни држави. Дипхолц склучил сојуз со соседната Грофовија Хоја и побарал помош од царот, така што државата успеала да остане уште неколку десетлетија. Во 1585 г. владејачкото семејство изумрело, па Дипхолц бил присвоен од Врауншвајг-Линебург.
Во 1932 г. е основан округот Грофовија Дипхолц со спојување на дотогашните окрузи Дипхолц и Зулинген. Првоспоменатиот бил приближно ист како средновековната држава, а Зулинген прешол од Грофовијата Хоја.
Денешниот округ е создаден во 1977 г. спојуваќи ги поранешните окрузи Грофовија Дипхолц со округот Грофовијаа Хоја, а самиот град Хоја влегол во округот Нинбург.
Remove ads
Географија
Округот се протега од јужните предграфија на Бремен до границата со Северна Рајна-Вестфалија. На југ е езерото Димер, (16 км2), опружено со слатина. Тука, во трскарниците се гнездат разни ретки видови птици. Најсеверниот дел на округот е покриен со шуми и обработливо земјиште.
Грб
На окружниот грб е претставен лав, наследен од грофот на Дипхолц. Мечкините канџи се земени од грбот на Хоја. Ова го симболицира соединувањето на грофовиите во 1977 г.
Градови и општини

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads