Директива за прекугранични спојувања

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Директивата за прекугранични спојувања или Европска директива 2005/56 е правен документ на Европската Унија со кој се регулира проблематиката на прекуграничните спојувања меѓу трговските друштва. Директивата била донесена на 26 октомври 2005 година, а во службениот весник била објавена на 25 ноември 2005 година.[1]

Опис

Директивата 2005/56 воведе поставила правна основа во рамките на Европската Унија за хармонизација на законодавството во однос на прекуграничните спојувања. Директивата била инспирирана од Третата директива на Европскиот совет за националните спојувања на јавните друштва со ограничена одговорност. Третата директива признавала два вида спојувања: со преземање или со формирање, и дозволи за пренос на средства со имплициран континуитет на сопственост.

Директивата 2005/56 се однесува на спојувањата во кои учествуваат најмалку две трговски друштва од различни земји-членки на ЕУ (а подоцна била проширена на друштвата од Европската економска заедница). Директивата за прекугранично спојување се однесува само на друштвата со ограничена одговорност формирани во согласност со законот на земјата-членка на ЕУ или ЕЕА. Нејзината цел е да ги овласти и регулира прекуграничните спојувања без ликвидација и автоматскиот трансфер на средствата и обврските кон субјектот што произлегува од спојувањето. Директивата дефинира три типа спојувања:[2]

  • спојување со апсорпција,
  • спојување со создавање ново трговско друштво
  • спојување на подружница во нејзиниот родител.

Секое правно лице кое учествува во процесите на спојување и преземање е предмет на националните правни прописи, додека Директивата за прекугранично спојување содржи само конечни, посебни прописи за одредени точки.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads