Дија
река во Средна Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дија (чешки: Dyje) или Таја (германски: Thaya) — река во Средна Европа, најдолга десна притока на Морава. Долга е вкупно 224 км,[1] протегајќи се од запад кон исток на пограничното подрачје помеѓу Долна Австрија и Јужна Моравија (Чешка), иако границата на највеќето места не минува по самата река. Настанува од две помали реки, наречени Германска Дија (Deutsche Thaya) и Моравска Дија (Moravská Dyje, Mährische Thaya) кои потоа се среќаваат кај гратчето Рабс.
Името Дија значи „тромава“. Недалеку од Знојмо се наоѓа истоименото селце Дије, наречено по реката.
Remove ads
Географија
Во горното течение, реката минува низ длабоки клисури во Националниот парк Подији и минува покрај повеќе замоци и дворци. Тука има изградено неколку брани.
Дија ги собира водите од западната половина на Моравија и соседните краишта на Долна Австрија. Нејзини најголеми притоки се Свратка и Јихлава кои се среќаваат во средната акумулација од хидросистемот „Нове Млини“.
Населени места
Поважни населени места по течението на Дија (по низводен редослед) се:
Брани

Сите брани на Дија се наоѓаат во Чешка и служат за наводнување, производство на електрична енергија и заштита од поплави.
Поврзано
- Германска Дија
- Моравска Дија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
