Додекафонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Додекафонија
Remove ads

Додекафонијата, позната и како дванаесет-тонска техника, дванаесет-тонски серијализам е музички композициски метод измислен од австрискиот композитор Арнолд Шенберг (1874–1951). Техниката се состои од залагањето сите 12 ноти од хроматската скала да бидат присутни подеднакво пред да се повтори некоја од нив, оневозможувајќи какво било нагласување на одредена нота,[1] користејќи тонски серии од 12 ноти. Притоа, сите 12 ноти се повеќе или помалку еднакво важни и музиката избегнува каков било тоналитет. Оваа техника била многу влијателна врз композиторите од средината на XX век. Самиот Шенберг го опишува системот како "Метод на компонирање со дванаесет ноти кои се во однос само помеѓу самите ноти".[2] Творецот на додекафонската музика, Арнолд Шенберг, ја урнал хиерархијата на тоновите и нив ги направил меѓусебно рамноправни, т.е. им наметнал строга дисциплина така што ниту еден тон во композицијата да не може да се појавува почесто од другите.[3]

Thumb
Арнолд Шенберг, изумителот на додекафонијата
Remove ads

Примери

Ако се земе предвид следнава серија:

B, Bb, G, C#, Eb, C, D, A, F#, E, Ab, F

Тогаш ретроградната пермутација е примарната серија во обратен редослед:

F, Ab, E, F#, A, D, C, Eb, C#, G, Bb, B

Инверзијата на примарната серија со инвертирани интервали:

B, C, Eb, A, G, Bb, Ab, C#, E, F#, D, F

И ретроградната инверзија е инвертираната серија во ретрограден редослед:

F, D, F#, E, C#, Ab, Bb, G, A, Eb, C, B

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads