Долготрајноста на спомените
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долготрајноста на спомените (шпански: La persistencia де ла memoria; каталонски: Lа persistència де ла memòria) е слика на уметникот Салвадор Дали од 1931 година, и е едно од неговите најпрепознатливи дела. Од 1934 год,сликата се наоѓа во колекцијата на Музејот на современа уметност (МоМА) во Њујорк. Таа е многу позната слика и често се споменува во популарната култура.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Remove ads
Опис
Познатото надреалистичко уметничко дело го воведе одразот на мек џебен часовник кој се топи. Ја олицетворува теоријата на Дали за "мекост" и "тврдост", која зазема централно место во неговото размислувања во тоа време. Како што Даун Аде напиша "Меките часовници се несвесен симбол на релативноста на просторот и времето, надреалистичка медитација на крахот на нашите поими за непроменливиот космички поредок". Ова толкување налага дека Дали бил присоединуван од разбирањето на светот прикажано од страна на Специјалната теорија за релативноста на Алберт Ајнштајн. Запрашан од Илија Пригоџине дали ова навистина е случајот, Дали одговорил дека меките часовници не биле инспирирани од теоријата за релативност, туку од надреалистичка перцепција на сирење кое се топи на сонцето.
Како дел од Фројдовата етапа на Дали, метафориката му претходи на неговиот преод кон неговата научна фаза во траење од четиринаесет години, која настана по атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Можно е да се препознае фигура на човек во средината на делото, чудното "чудовиште" кое Дали го користи во неколку предмети од историско значење за да се претстави себеси - апстрактната форма станува автопортрет, зачестено појавувајќи се во неговите дела.Портокаловиот часовникот во долниот лев агол на сликата е покриен со мравки. Дали често користи мравки во неговите слики, како симбол на смртта, а и како симбол на женскиот полов орган.
Фигурата во средината на сликата е претставена како суштество кое "исчезнува" , како што, кога некој често сонува, тој или таа не може да ја увиди вистинската форма и составот на суштеството. Исто така,може да се забележи дека на суштеството едното око му е затворено и има неколку трепки, и ова,исто така наведува дека суштеството е во состојба на сон.Иконописот на оваа позната слика е сон кој Дали го доживеал. Часовниците го симболизираат минувањето на времето кое некој го доживува во состојба на сон.
Persistence of Memory employs the "exactitude of realist painting techniques" [1] to depict imagery more likely to be found in dreams than in waking consciousness.
Remove ads
Верзии
Дали се врати на мотивот на оваа слика со варијанта на Распаѓање на долготрајноста на меморијата (1954), прикажувајќи го неговото претходно познато дело како методично се разделува на помали составни елементи, како и низа правоаголни парчиња кои разоткриваат дополнителни слики низ празнините меѓу нив, навестувајќи нешто под површината на автентичното дело; Денес,ова дело се наоѓа во музејот на Дали во Санкт Петербург, Флорида, додека автентичната Долготрајноста на спомените е во Музејот на современа уметност во Њујорк. При крајот на неговата кариера, Дали создал многу литографии и скулптури на темата меки часовници. Некои од овие скулптури се Долготрајноста на спомените, Благородноста на времето, Профилот на времето и Три разиграни часовници.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads