Долни и горни планети

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долни и горни планети
Remove ads

Во Сончевиот Систем, една планета може да биде долна или горна во однос на друга кога нејзината орбита влегува во орбитата на другата планета околу Сонцето. Во оваа ситуација, втората планета се нарекува горна, а првата е долна. Гледајќи од Земјата, долни планети се Меркур и Венера, а горни се Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Џуџестите планети како Церера и Плутон, како и највеќето астероиди се горни во смисла дека речиси сите кружат вон Земјината орбита.

Remove ads

Историја

Овие поими се воведени во геоцентричната космологија на Клавдиј Птоломеј за да се различат како долни оние планети (Меркур и Венера) чиј епициклус останува колинеарен со Земјата и Сонцето, од горните (Марс, Јупитер и Сатурн) кои немаат таква колинеарност.[1]

Во XVI век Никола Коперник го отфрлил Птоломеевиот геоцентричен модел, и почнал да ги приемнува поимите за да ги разликува орбитите на планетите по големина во однос на Земјината.[2]

Remove ads

Планети во секоја категорија

Кога Земјата е појдовна точка:

Поимите понекогаш се користа и поопшто. На пеример, Земјата е долна во однос на Марс.

Други поими

Поимите „внатрешна“ и „надворешна“ планета понекогаш се сметаат за синонимни на „долна“ и „горна“, но ова води до забуна. Внатрешна планета е планета која се наоѓа во астероидниот појас, а и надворешна планета е онаа вон него.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads