Долнопреспански дијалект
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долнопреспански дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на источното и јужното преспанско крајбрежје. Долнопреспанскиот дијалект е близок со горнопреспанскиот и со костурскиот дијалект и дели поголем број на особености со соседните дијалекти.

Извадок од животната приказна на постара жена од с. Шулин, Долна Преспа (во денешната област Горица/Корча), раскажана на долнопреспанскиот дијалект. Извадок од говор на маж од с. Нивици, Мала Преспа, раскажан долнопреспански дијалект.  | |
| Проблеми со пуштањето? Помош. | |
Remove ads
Фонолошки одлики
- фиксиран акцент
 - употреба на палатално Ј
 - употреба на Ф и В наместо старословенската буква Х.
 - јатот е заменет со е.
 
Морфолошки одлики
- употреба на предлогот од за присвојна форма
 - употреба на наставката -ој наместо -ови за множина
 - употреба на трите членови
 - губење на меѓусамогласното в во заменки
 
Надворешни врски
- Аудио материјал од говорот од с. Нивици, Долна Преспа, денес Грција од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 9 август 2016 г.
 - Аудио материјал од говорот од с. Шулин, Долна Преспа, денес Албанија од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 10 март 2016 г.
 
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

