Долно Градиште (Ратавица)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Ратавица. Претставува доцноантичка некропола. На северозападната страна на високиот рид Драчко Ридиште се издига ниска чука во чие подножје, на левиот брег на Злетовска Река, при изградбата на браната за водоснабдување на Пробиштип и рудниците на Злетово е откриена некропола. Гробовите биле градени од камени плочи. Според кажувањето, на неколку плочи имало натписи со латински букви и релјефи. Плочите не се зачувани.[1]
Remove ads
Поврзано
- Во Селото — населба од неолитот;
- Градиште — опидум од доцноантичкото време;
- Ратавица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads