Долно Порој

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Поројmap
Remove ads

Долно Порој (грчки: Κάτω Πορόια, Като Пороја) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 424 жители (2011).

Кратки факти Долно Порој Κάτω Πορόια, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Сместено е на јужното подножје на планината Беласица, околу 3 километри западно од Горно Порој на надморска височина од 200 метри.

Историја

Селото во минатото било мешана населба во која според К`нчов живееле 750 Македонци и 1.600 Турци, во 1913 година е евидентирано со 1.279, а во 1920 година со 1.057 жители.Селото настрадало како во Балканските така и во Првата светска војна.Поголем број на македонски семејства и поединци за време на Втората балканска војна и непосредно по Првата светска војна пребегнале во Бугарија.Во 1924 година сите преостанати Турци, како и 56 Македонци се иселени во Турција, по сила на Лозанската конвенција.На местото од иселените Турци и пребегнатите Македонци грчките власти сместиле 200 бегалски семејства со вкупно 773 жители.Така селото повторно станала мешана населба која со 1928 година е евидентирано со 986 жители, во 1940 година има 1.265, а во 1941 година според бугарската статистика има 1.074 жители.Во 1951 се попишани 1.006, во 1961 година 864 ,во 1971 година 778, во 1981 година 689, во 1991 година 787,а во 2001 година има 627 жители.Намалувањето на бројот на жители се должи на големата миграција во градските центри.

Remove ads

Стопанство

Иако е ридско-планинско, селото е мошне богато , со развиено земјоделство и сточарство, за кои постојат погодни услови поради пространите пасишта во подножјето на Беласица.

Демографија

Селото до 1924 година е мешано со Македонци и Турци, по иселувањето на Турците и дел од Македонците селото е мешано со повеќе Грци и помалку Македонци.

Повеќе информации Година ...

Општествени установи

Во селото е сместено пошта кој го опслужува месното и околното население, поштински суд, како и полициската поткоманда со неколку истурени полициски станици во околните села.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads