Доспат (општина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Доспат (општина)
Remove ads

Општина Доспат (бугарски: Община Доспат) — општина во Пиринска Македонија во Смолјанската област. Од 2015 г. Градоначалник на Општина Доспат е Елин Радев.

Кратки факти Општина Доспат, Општи податоци ...
Thumb
Поглед кон Доспат
Remove ads

Географија

Географска положба, граници, големина

Општината се наоѓа во најзападниот дел на област Смолјан. Граничи со:

Природни ресурси

Релјеф

Релјефот на општината е во средно и високо планински и се простира во јагозападниот дел на Западните Родопи.

На нејзината територија потпаѓаат делови од три орографски единици, коишто се составни делови на Западните Родопи.

На север се наоѓа највисокиот западен дел на Девинска планина.

Од северозапад на југоизток, североисточно и источно од долината на река Доспат се простира дел од најдолгиот родопски рид – Велијшко-Виденишкиот дел. Југозападно од село Змеица, на границата со општина Борино се издигнува врв Виденица (Ѓоз тепе, 1652,5 m), а на околу 3 km североизточно од град Доспат – врв Даа (1652,6 m).

Најзападниот регион на општината, потпаѓа во големиот басен на реката Доспат.

Најнискиот дел на општина изнесува 574 m н. и се наоѓа во крајниот југозападен дел, на границата со Грција, во коритото на река Доспат.

Води

Основна водна артерија на општина Доспат е реката Доспат (лева приток на Места). Западно од град Доспат на реката е изградена преградната стена на вториот по големина бугарски резервоар – Доспат. После истекувањето од езерото, реката завртува кон југ, преминува преку куса клисура и навлегува од север во малата Барутинска котлина. На околу 4 km југозападно од село Брештен реката навлегува на грчка територија.

Remove ads

Население

Етнички состав (2011)

Состав и удел на етничките групи според пописот на населението во 2011 г.:[1]

Вкупно Удел (во %)
Вкупно 9116 100,00
Бугари 4469 49,02
Турци 65 0,71
Цигани 31 0,34
Други 309 3,39
Не се самоопределиле 290 3,18
Не се изјасниле 3952 43,35

Населени места

Општината има 8 населени места со вкупно население од 7510 жители, според проценката на 7 септември 2021 г.[2]

Повеќе информации Населено место, Население(2023 г.) ...
Remove ads

Административно-територијални промени

  • МЗ № 2820/обн. 14.08.1934 г. – преименува со. Илнаџиево на со. Змеица;
– преименува со. Касака на со. Касак;
– преименува со. Чавдар махле на со. Чавдарица;
  • Указ № 1942/обн. 17.09.1974 г. – признава со. Доспат за гр. Доспат;
  • Указ № 2932/обн. 30.09.1983 г. – преименува со. Чавдарица на со. Чавдар;
  • Указ № 3005/обн. 09.10.1987 г. – одделување на селата Брештен и Црнча (Област Смолјан) и нивните земјиште од Општина Сатовча, област Благоевград и ги припојува кон Општина Доспат, област Смолјан.

Транспорт

Преку општината поминуваат делумно 3 патишта од Републиканската патна мрежа на Бугарија со општа должина 50,3 km.

Наводи

Извори

Надворешни препратки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads