Дојранска плашица
видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дојранска плашица (Alburnus macedonicus) — ендемски вид слатководна зракоперкаста риба од семејството Leuciscidae, која живее во Дојранското Езеро.[1][2] Загрозена е од падот на нивото на водата во езерото. Во 1990 година, нивото на водата се намалил за 4 до 6 метри, уништувајќи ги растенијата на дното, што пак довело до нагло намалување на видовите риби кои се хранат со алги, вклучувајќи ја и дојранската плашица. Прогнозата за видот не е поволна, со оглед на постојаното опаѓање на нивото на водата.
Може да порасне до 14,5 см стандардна должина.[2]
Remove ads
Опис
Дојранската плашица покажува значителни морфолошки разлики во споредба со вообичаениот облик на Alburnus, особено со тоа што грбната перка е помалку истакната. Некои зраци на перката се пократки, што доведува до намален целокупен изглед на перката. Грбната перка обично содржи околу 15 разгранети зраци, за разлика од 18-те кај стандардната варијанта, што резултира со пократка основа. Должината на перката е приближно еднаква на растојанието од задниот дел на оперкулумот до предниот раб на окото, додека кај стандардната варијанта, ова растојание се протега до ноздрите или подалеку. Дополнително, оваа варијанта има малку издолжена глава и уста, заедно со релативно помала висина на телото.
Remove ads
Основни биолошки одлики
Полово созрева во третата година од животот, на должина од 7- 8 см. Се мрести порционо во раздобјето од мај до јули, па и во август, во плитка вода. Плодноста на женката се движи од 3.000 до 15.000 икри. Икрата е леплива и се прицврстува за ситен песок, чакал и растителна подлога. Ембрионалниот развој е краток и трае 4 - 5 дена. Просечната големина која ја достигнува плашицата изнесува 12 - 15 см. Максималната големина изнесува до 20 см и тежина од 50 грама. Живее и во стагнантни, олиготрофни, но и еутрофни екосистеми, а и во проточни екосистеми, главно во средните и долните текови на реките. Живее во големи и помали јата и главно се задржува во горните слоеви на водата. Во реките се задржува во помирниот дел на коритото, зад некоја препрека од трева, гранки, камења и слично. Основна храна на плашицата е зоопланктонот. Исто така се храни и со инсекти што паѓаат во водата, кукли од хирономиди и со други без‘рбетници, но и со растителна храна.[3]
Remove ads
Значење
Во Дојранско Езеро плашицата има големо стопанско значење. Таа се изловува стопански, со мрежи за на пазар, а исто така е значаен објект за рекреативен и спортски риболов. Месото од плашицата е вкусно и барано на пазарот.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
