Дојрански Срез

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дојрански Срез
Remove ads

Дојрански Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Thumb
     Дојрански Срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

Кралство Србија

По Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Дојранскиот Срез припаѓал на Тиквешкиот округ, заедно со Неготинскиот и Гевгелискиот Срез, а подоцна и Кавадаречкиот и Струмичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Дојран. Во 1913 година тој имал 6 општини, со 50 села и два града. Градското населние изнесувало 5.019, додека селското население изнесувало 14.638 жители.[1]

Повеќе информации Број, Име на општината ...

Кралство СХС

Во 1921 година, срезот имал 4 општини и два града, но овој пат градот Дојран бил сосема уништен од Првата светска војна. Целиот срез имал вкупно 8.667 жители, односно се намалил за скоро 11.000 жители.

Јазик

Во Дојранскиот Срез, 46% од населението говорело на српски или хрватски[2], додека 50% говореле на турски јазик.[3]

Повеќе информации Општина, Српски или хрватски ...

Религија

Во Дојранскиот Срез, 49% од населението било православно, додека 50% биле муслимани.[4]

Повеќе информации Општина, Православни ...

Кралство Југославија

Во 1931 година, Дојранскиот Срез имал 3 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 11.713 жители. Како православни се изјасниле 55% од жителите, додека како муслимани 44%.[5]

53% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 47% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Во ФНРЈ

По Втората светска војна, Дојранскиот Срез преминува во Валандовска Околија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads