Дојрански амам
поранешен амам во Стар Дојран From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дојрански амам — поранешен амам во селото Стар Дојран. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]
Remove ads
Местоположба
Амамот се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на саат-кулата. Денес, до нејзе води улицата „Никола Карев“ и е сместен меѓу куќи.[3]
Градба
Бањата е поделена на два дела — машки и женски. Се снабдувал со вода преку керамички цевки од место на 2 километри западно од Дојран. Се греела во посебна просторија и оттаму течела во чешмите.[4]
Историја
Амамот не се знае кога е подигнат, но се говори дека работела секој ден до 1916 година кога била разрушена.[3]
Срушена е заедно со поголемиот дел од стариот град Дојран во 1916 година за време на Првата светска војна.[4] Денес, останал само дел од неа.
Конзервација
Во 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на стариот амам и Саат-кулата, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, амамот бил пуштен во употреба.[5]
Амамот бил вратен во првобитната состојба и бил поврзан со патеки со самата саат-кула.[6]
Сепак, состојбата од 2023 година покажува неуреден терен околу самиот амам.
Галерија
- Влезот
- Поглед на амамот
- Куполата
- Амамот во 2021 г.
- Амамот во 2021 г.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads