Драматички мост
мост во Зихненско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драматички мост (грчки: Γεφύρι Αγγίστας) — стар османлиски камен мост во областа Зихненско, Егејска Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Мостот ја преминува реката Драматица (Ангитис), лева притока на Струма, и се наоѓа непосредно до селото Станица Анџишта (на јужниот лев брег) и селото Станица Драчево (на северниот десен).
Историја
Се смета дека мостот потекнува од антиката. Последната фаза е од раноосманлиско време. Неговата непрекината употреба толку долго време укажува на значајноста на патот кој ја поврзува рамнината со северното и западното подножје на планината Кушница.[1]
Опис
Мостот има пет заострени лакови, од кои денес се гледаат само четири. Претставува единствениот преостанат своден мост во источна Егејска Македонија. Висок е 5,9 м и има насоченост север-југ. Изграден е од делкан варовнички туф и силен малтер.[1]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads