Драч
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драч (албански: Durrës, италијански: Durazzo; некогаш: Дрча) — приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а се уште има и извесен број етничко македонско население.
Remove ads
Историја

Драч бил основан под името Епидамнос, од страна на грчките колонисти од Коринт и Крф во 627 година п.н.е. Од 229 г. п.н.е. потпаднал под власт на Римјаните кои му го дале името Дирахиум (Dyrrhachium) и изградиле пат до Солун, кој подоцна бил продолжен до Константинопол.
Градот под римска управа напредувал како значајно трговско пристаништно средиште. Околу 430 година, тука бил роден царот Анастасиј I. За време на преселбата на народите бил изложен на упади од страна на варварите, но сепак останал под управа на Римската Империја.
Remove ads
Поврзано
- Список на луѓе од Драч
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads