Петит Мустик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петит Мустик (англиски: Petite Mustique) е мал ненаселен остров во Карипското Море. Островот е дел од групата на острови Гренадини во државата Свети Винцент и Гренадини. Островот има површина од 0.4 км2, се наоѓа североисточно од неанселените острови Саван и јужно од островот Мустик.[1] Островот не е населен и не е развиен. Тој е со брдски релјеф и достигнува до 100 метри надморска висина и нема лесен пристап до него.[2][3]
Remove ads
Географија
Петит Мустик се наоѓа на 2 километри јужно од Мустик.[4] Помеѓу Петит Мустик и Мустик се наоѓа малото островче Петит Ки, што всушност е продолжение од северниот дел на Петит Ки (поврзани се подводно). Како и останатите острови на Гренадините, островот има многу шанци и еродиран брег. Јужно од Петит Мустик се наоѓа малата карпа Драј Рок, а на 500 метри југозападно е гребен. Брегот на островот е со сртови. Брдата се прекриени со густа вегетација.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads