Дрјаново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дрјаново (бугарски: Дряново) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Дрјаново во Габровската Област. Има население од околу 7.069 жители (2022).[1]
Remove ads
Географија и местоположба
Се наоѓа меѓу прекрасните и заоблени ридови на Централниот Предбалкан на 21 км од регионалниот центар Габрово и на 24 км од Велико Трново.
Историја
Во областа се откриени најстарите траги на живот на Балканскиот Полуостров, докази за човечко присуство од палеолитот се откриени во пештерата „Бачо Киро“ кај Дрјановскиот манастир, сместена во долината на реката Андака. Таму се откриени бројни реликвии од антички села, тврдини, столбови со натписи и орнаменти од тракиско и римско време (тврдини Боруна и Дискодуратера).
Како и сите балканџиски планински населби, Дрјаново го достигна својот врв во времето на бугарската национална преродба. Ѕидарите и копаничарите ја рашириле славата на градот низ цела Бугарија и далеку во Отоманската Империја. Во 1883 година бил прогласен за град.
Дрјаново понекогаш се нарекува „град на стогодишници“ поради здравите климатски услови кои го продолжуваат животот на луѓето. Градот е познат и како родно место на познатиот бугарски архитект Кољу Фичето.
Remove ads
Обележја
- Музеј на Кољу Фичето;
- Дрјановски историски музеј;
- Дрјановски манастир;
- Пештерата „Бачо Киро“.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads