Дуло (Бањане)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дуло — вила рустика од доцноантичкото време. На еден километар југоисточно од селото Бањане, во близината на изворот „Дуло“, на вакафска парцела („Св. Ѓорѓи“), во 1977 година селаните раскопале темели од вила рустика. Основата на објектот е втемелена по оската северозапад-југоисток, во вид на буквата „Г“, со 6 простории од кои една е создадена апсидно кон северозапад, а тремот е кон југоисток. Ѕидовите се од кршен камен со доста антички мермерни сполии, поврзани со хидрауличен малтер. Зачувани се остатоци од камени столбови, капители, архитрави, имбрекси, тегули, тубулуси, како и многу керамички материјал. Два сада се чуваат во Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Скопје.[1]
Remove ads
Поврзано
- Бања — водовод од римско време; и
- Св. Ѓорѓи — осамен наод од римско време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads