Дуодрама

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Дуодраматеатарска мелодрама за двајца глумци или пејачи, во која говорниот глас се користи со музичка придружба за зголемен драматичен ефект. Била раширена кон крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Тесно поврзана со операта, најпознат пример биле делата од 1775 година „Аријадна на Наксос“ и „Медеја“ од Георг Бенда. Моцарт се восхитувал на работата на Бенда и користел слични техники во „Заид“ (1780) и „Тамос, кралот на Египет“ (околу 1773-1780). Тој самиот размислувал да напише дуодрама, да се вика „Семирамис“. „Фиделио“ на Бетовен (1805-1814) и „Волшебниот стрелец“ на Карл Марија фон Вебер (1821) исто така содржат дуодрами. Стилот се користи и во лидови и песни.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads