Ебола (река)
река во ДР Конго From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Реката Ебола, исто така попозната по домородното име Легбала,[1] е главен тек на реката Монгала, притока на реката Конго, во северниот дел на Демократска Република Конго.[2] Таа е приближно 250 км во должина.
Името Ебола е француска кованица за Легбала, домородното име на реката на јазикот Нгбанди што значи „бела вода“.[3] За време на белгиската администрација и двете имиња се користеле заедно со француските имиња Eau Blanche[1] и поретко L'Ébola.
Во 1976 година, вирусот ебола (ЕБОВ) за првпат бил идентификуван во Јамбуку, на 96 километри од реката Ебола, но професорот Питер Пиот решил да го именува вирусот по реката за да не биде поврзан градот со стигмата на болеста.[3] Така, реката има исто име со вирусот ебола и болеста ебола (обично се нарекува едноставно „ебола").[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads